Економија 18. март 2020. / 13:21

Мицкоски побара ослободување на фирмите за плаќање на придонеси за вработени, замрзнување на обврските кон банките и државата

Мицкоски побара ослободување на фирмите за плаќање на придонеси за вработени, замрзнување на обврските кон банките и државата

Веднаш по прогласување на вонредна состојба да се донесат владини одлуки со законско дејство. Потребно е замрзнување на обврските на компаниите кон државата, чија што работа е погодена со настанатата ситуација со корона вирусот – истакна денеска на прес-конференција лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Замрзнување на обврските на компаниите кон банките и заемодаваталите за месец март, чија што работа е погодена со состојбата на корона вирусот. Така и на банките ќе им се помогне. Државата да ги ослободи компаниите од трошоците за придонеси за вработените во компаниите погодени од состојбата со корона вирусот. Тоа се секторите кои што се најмногу погодени, како што се туризмот, угостителството, текстилната, кожарска и сите оние останати сектори – рече Мицкоски.

Тој додава дека и порака до Владата, освен за пи-арот грижете се за граѓаните.

Немојте да се натпреварувате кој повеќе прес конференции ќе одржи, туку натпреварувајте се кој повеќе протоколи ќе усвои и како да се справиме со пандемијата. Да делуваме одговорно, да работиме за граѓаните и да работиме на здравјето на граѓаните и економијата – рече Мицкоски.