Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ по посетата на Ново Село се осврна на делот од програмата на партијата каде што се обврзуваат на 640 милиони евра субвенции.
Во програмата Проект „Обнова“ се обврзуваме на: 640 милиони евра само за субвенции, 80 милиони евра за изградба на нови системи за наводнување, 50% финансирање за набавка на нови грла овци и друг вид добиток, покривање на 70% од осигурувањето на земјоделските посеви и насади, намалување на ДДВ за ветеринарни услуги и многу други проекти кои се однесуваат на сите земјоделци.
Мора да го цениме трудот на земјоделецот!#ИсправиСеМакедонијо
#ОдбериОбнова, напиша Мицкоски на„Фејсбук“.