Економија 19. јануари 2021. / 14:43

Мицкоски: Нема реализација на капитални инвестиции, но затоа има картички и ваучери

Мицкоски: Нема реализација на капитални инвестиции, но затоа има картички и ваучери

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку статус на „Фејсбук“ ја коментира информацијата дека Владата ги финишира деталите околу петтиот пакет антикризни мерки.

„Подготвувале петти пакет мерки, помош за стопанството. Ниту една реченица консултација со пратеници од опозицијата, стопанството чека средба. Нема реализација на капитални инвестиции, нема нови болници, нема компјутер за секој ученик, нема помош за земјоделците, но затоа има картички и ваучери. Избори се ближат, па треба да поткупуваат и крадат. Толку знаат и можат. Да не биде после лелекање по амбасади дека опозицијата блокира“, пишува Мицкоски.

Подготвувале петти пакет мерки, помош за стопанството. Ниту една реченица консултација со пратеници од опозицијата,…

Posted by Hristijan Mickoski on Tuesday, January 19, 2021