Економија 05. август 2020. / 14:24

Мицкоски: Нема поголеми приходи во буџетот, власта не исплаќа поврат на ДДВ

Мицкоски: Нема поголеми приходи во буџетот, власта не исплаќа поврат на ДДВ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по објавата на Министерството за финансии дека  бележи раст на буџетските приходи, и дека во третиот и четвртиот квартал од годинава ќе има постепено опоравување на домашната економија, смета дека ако продолжат да  не го враќаат ДДВ-то во стопанството ќе имаат повисоки приливи и од тоа што можеби се надевале.

Според него она што е карактеристично во извештајот на УЈП е дека за 9 отсто е намалено ДДВ-то од увоз.

Доколку го погледате ДДВ-то од промет во земјата ќе забележите дека тоа е намалено за 14 проценти, споредено со истиот период од минатата година.

Доколку го споредите бруто собраниот данок на додадена вредност овој јули со јули 2019 година ќе видите дека тоа е за нешто повевеќе од 815 милиони денари  помал. И конечно доколку го споредите нето данокот на додадена вредност односно оној којшто треба да им се врати на даночните обврзиници овој јули споредено со јули 2019 година ќе дојдете до заклучок дека тој е близу 900 милиони денари помал од тој којшто бил минатата година, рече Мицкоски на денешната-прес-конференција.

Според него тоа практично значи дека државата се државата се позајмувала на меѓународен, се позајмувала на домашен пазар преку аукции, сега почнува да се позајмува од стопанството за да преживее од први до први.

Токму поради таа причина имаме за еден или два проценти имаме поголем прилив во буџетот споредено со минатогодишниот јули. Но, доколку тоа се елиминира, ќе дојдете до заклучокот дека државата се води директно во амбис. И од оној податок до којшто јас дојдов во текот на вчерашниот ден можам да заклучам дека буџетскот дефицит заклучно со јули месец е продлабочен на ниво од нешто повеќе од 520 милиони евра во првите седум месеци од оваа година, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека е тоа алармантна ситуација.

Јас би бил сериозно загрижен кога буџетскиот дефицит ќе надмине повеќе од половина милијарда евра и тоа е една сериозна ситуација  која треба сериозно да се разислува наместо да се покриваат новите задолжувања со онакви прес-конференции како во текот на вчерашниот ден, рече Мицкоски.