Економија 31. март 2020. / 16:30

Мицкоски: Мерките на Влдата се лицемерни, ВМРО–ДПМНЕ предлага до 50 отсто помош за компаниите

Мицкоски: Мерките на Влдата се лицемерни, ВМРО–ДПМНЕ предлага до 50 отсто помош за компаниите

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ги нарече лицемерни мерките за надминување на економската криза што ги објави Владата затоа што нив нема да можат да ги искористат компаниите кои се најпогодени.

Како што истакна Мицкоски, помоштта е задоцнета и недоволна за стопанството, поради што Македонија ја чека тешка и црна економска криза. Тој изрази сериозна загриженост за пакетот мерки за стопанството за помош од последниците на пандемијата со корона вирусот, оценувајќи дека со него кризата ќе се продлабочи.

Пакетот мерки е огромно разочарување за граѓаните и бизнисот, по вторпат. Ова е далеку од доволно. Кога состојбата не била трагична сигурно некој ќе каже дека Владата се шегува со вакви мерки за стопанството – изјави Мицкоски.

Тој ги истакнува мерките што ги предлага ВМРО–ДПМНЕ и порача дека како предлог уредби ќе ги достават до Владата.

Мицкоски потсети дека ВМРО – ДПМНЕ предлага покривање до 50 отсто на трошоците по однос на бруто плата.

 – И тоа не само за месеците мај и април кој што ќе бидат исплатени во мај и во јуни, туку тоа ќе важи и за месеците март, април, мај и јуни, а потоа соодветно на ситуацијата ќе предлагаме нови мерки. Втората мерка која што ја повторуваме по трет пат е веднаш да се интервенира во вториот задолжителен приватен пензиски фонд и средствата кои што во висина од 10 милијарди денари биле предвидени за оваа година, а веќе во првите два месеци јануари и февруари 1 и половина милијарда се уплатени во задолжителниот приватен пензиски столб да бидат веднаш со уредба со сила на закон пренасочени во единствениот државен задолжителен пензиски столб. На тој начин ќе се обезбедат дополнителни осум ипол до 10 милијарди денари – објасни Мицкоски