Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на Фејсбук ја коментираше критиката на првиот човек на Стопанската комора Бранко Азески, кој изјави дека со кочење на економските закони пратениците удираат по компаниите.
– Човек ќе помине цел живот и нема да ја научи основната лекција, не суди врз основа на едно слушнато лажно мислење, тоа те прави, и покрај сето искуство, недостоен. Па и во минатите режимски времиња од едно мислење не се обвинувало, судело и пресудувало, осудениот имал право на свое мислење. Но, ете…, тоа е нашата бизнис елита, а требаше да биде авангарда, кога веќе Владата не ја бива. Нема да слушнеме збор или два за најкорумпираната и најкриминалната Влада на Балканот, заробените институции, обвинителства и судови, дебаклот во економијата, изгубените работни места, неуспешните реформи во образованието, имунизацијата со ваксајнс, рекордите по заболени и починати од корона…., аааа не за тоа нема да прочитате од бардот на македонската стопанска комора, но затоа врз основа на тоа што му го кажале Битиќи и Бесими тој веднаш го впери прстот кон опозицијата и лаконски ја осуди без притоа да ја слушне таа што има да каже. Е па господине Азески имате погрешни информации, ве излажале, ве наседнале, жалам, очекував повеќе од вас…, вистината е поинаква и да, еве ви ветувам вака јавно кога тие закони навистина ќе дојдат во парламентот, ќе ги поддржиме. Ние сакаме да бидеме партнери со бизнисот, а не да ве рекетираме, ние сакаме да спасиме повеќе работни места, а не да фингираме, ние сакаме поинаква Македонија, охрабрете се, застанете со нас, до вистинските вредности, оставете ги овие мафијаши од власта, одбројани им се деновите. Ве поздравувам и Ви посакувам подобри бизнис резултати и повеќе спасени работни места и помалку да дозволувате да бидете лажени од луѓе што во својот живот шајка не заковале, пишува Мицкоски во својот ФБ статус.
Човек ќе помине цел живот и нема да ја научи основната лекција, не суди врз основа на едно слушнато лажно мислење, тоа…
Posted by Hristijan Mickoski on Thursday, March 4, 2021