Економија 29. декември 2020. / 22:30

Мицкоски: Анкетата на Телма е благодарност за Заев за 33 милиони евра

Мицкоски: Анкетата на Телма е благодарност за Заев за 33 милиони евра

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговото гостување во „Прашањето ми е следно“ на порталот Инфомакс, во однос на последната анкета на МЦМС и Телма истакна дека оваа анкета јасно покажува колкаво влијание имале тие 33 милиони евра врз Телевизија Телма, како и врз агенцијата која што најверојатно ја спровела анкетата.

Тој исто така додаде дека оценката која Владата ја добила за нејзината работа во изминатите 100 денови е дури и условно кажано напумпана, поради тоа што и онаа оценка околи 2,5 на скала до 5 е преголема за она што досега го има сработено Владата.

Зоран Заев и СДСМ јасно знаат со што ќе се соочат на наредните парламентарни избори. Оваа анкета која што се шири низ јавноста е само заблагодарување за оние 33 милиони евра за кои Заев и СДСМ жолчно се бореа изминатите денови. Но, граѓаните на Република Македонија јасно гледаат во која насока ја движи државата Зоран Заев и уверен сум во тоа дека оваа Влада нема да издржи уште долго, вели Мицкоски.

Според него ваквите високи проценти на поддршка кои што се изнесени во анкетата се тотално нереални и фингирани, поради тоа што сите сме сведоци на тоа какви притисоци се прават во администрацијата, приватните фирми, па дури и на дел од политичарите кои можеби немаат исто мислење со Заев, па затоа поддршката не може и не е логично да биде толкава како што СДСМ сака да ја прикаже во знак на немоќ.