Економија 22. април 2020. / 10:31

Мицевски: СДСМ прво ја покачи акцизата поради аерозагадувањето, а сега изговор им е короната

Мицевски: СДСМ прво ја покачи акцизата поради аерозагадувањето, а сега изговор им е короната

На СДСМ им помина во навика да ги покачуваат давачките на граѓаните, напиша на фејсбук координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, во врска со вчерашната одлука на Владата за покачување на акцизата на нафтените деривати.

Тој во својот фејсбук статус потсетува дека на крајот на 2017-та година, од СДСМ уверувале дека се покачува акцизата на дизел горивото за 3 денари + 0,54 денари ДДВ со цел да сe обезбедат средства за борба со аерозагадувањето.

-Три години подоцна, пола од мерните станици не работат, а инвертер климите се уште не се поделени. Дополнително, СДСМ како аргумент ја користеа тезата дека сиромашните нема да го почуствуваат покачувањето затоа што најголемиот дел немаат возила.(се секавате на тие “славни” изјави).
Овојпат повторно се покачува акцизата и тоа на сите типови гориво за 3 денари + 0,54 денари за ДДВ. Во услови кога насекаде, нафтата доживува историски минимум, во Македонија од вчера цената на дизелот и бензите се продаваат по повисока цена, пишува Мицевски.

Последиците од ваквото покачување, додава тој, ќе ги чинат граѓаните неколку милиони евра и ќе ги плати секој од нас, без разлика дали имаме или не возило. Горивото го користат производителите и транспортерите кои ја носат храната до маркетите, горивото го користат земјоделците, горивото го користат превозниците на патници..

-Владата во услови на здравствено-економска криза, прибегнува кон покачување на давачките кои ги плаќаат граѓаните, но истата власт не прибегнува кон скратување на непродуктивните трошоци. Деновиве сме сведоци на наплив на јавни набавки, за ангажирање на агенции за привремени вработувања, преку кои ќе се ангажираат стотици членови на СДСМ во пресрет на изборите. Факт е дека Македонија се соочува со голема криза, но исто така е факт и дека власта не се снаоѓа со управување во време на криза, потенцира Мицевски.

Ова, веки короодинаторот на ВМРО-ДПМНЕ е особено евидентно во економскиот сектор, при што во вчерашниот ден кулминираше со изјава за покачување на акцизата од владиниот портпарол, наместо од министерката за финансии или пак вицепремиерката за економски прашања.

-Силината на ударот од економската криза која ни претстои ќе зависи во голема мера од мерките кои се превземат во изминативе недели и во периодот што престои. Од она што засега го гледаме, економското заздравување нема да биде брзо, со економскиот тим на СДСМ кој се повеќе личи на раштиман оркестар, стои во неговиот пост на Фејсбук.