Марш за правда за денеска најави иницијативата „Стоп за грабежот“.
Протестот ќе биде против сите кои го ограбуваат народот и сите кои го поддржуваат истиот грабеж – извршители, нотари, креатори на високи банкарски каматни стапки, корумпирани судии, нефункционален судски совет, информира иницијативата „Стоп за грабежот“.
Организаторите потенцираат дека ќе бидат запазени сите мерки за заштита од коронавирусот.