Субвенциите за инвертери предвидени за граѓаните ќе се доделуваат до крајот на годината, потврди денеска заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, посочувајќи дека тоа ќе го направат на најдигитален начин, односно да не учествува човекот во можноста за одлуките.
Административните процедури се такви долги во процесот на јавни набавки. Не барам оправдување, но за одредени ситници паднаа неколку пати повиците и затоа се доцнеше во тој дел, рече Макрадули.
Тој информира дека во буџетот има неколку ставки што придонесуваат за борбата со загадувањето.
Во планот за чист воздух има 1,6 милиони евра, има дел што се однесува на гасификацијата, тоа е 24 милиони евра, има дел што се однесува на Министерството за економија на енергетската ефикасност и во МОН што придонесуваат за намалување на аерозагадувањето, делот на водоводите и канализациите инвестициите се од прилика 50 милиони евра и се разбира пречистителната станица во Скопје – 120 милиони евра, ќе придонесе за намалување на загадувањето, рече Макрадули.