Економија 19. јуни 2018. / 12:32

Македонски компании во Франкфурт ќе бараат партнери

Македонски компании во Франкфурт ќе бараат партнери

Во Франкфурт е отворена четвртата по ред конференција Германска иницијатива за пронаоѓање доставувачи од државите од Западен Балкан. Таму има и македонски фирми.

Конференцијата е резултат на Берлинскиот процес кој во 2014 година го покрена германската канцеларка Ангела Меркел со цел – стабилизација на Западниот Балкан. На конференцијата најголем број од фирмите се од Босна и Херцеговина, потоа од Србија, Хрватска, Словенија, а првпат се присутни и по три фирми од Македонија и Косово, како и една од Албанија.