Економија 09. декември 2018. / 12:09

Македонската берза “мртва“: Во ноември се тргувало за 50% помалку – еве со кои фирми се тргувало најмногу

Македонската берза “мртва“: Во ноември се тргувало за 50% помалку – еве со кои фирми се тргувало најмногу

356,2 милиони денари или 50,1 отсто помалку од Октомври изнесува прометот на Македонска берза остварен во месец Ноември .

Билтенот објавен на Македонска берза за месец ноември бележи драстичен пад на прометот споредбено со петходниот месец кога изнесувал 715,1 милиони денари.

Она што е забележително е дека акциите на Комерцијална банка кои имаат промет од 1,30 милиони евра се меѓу најтргуваните на берзата за тој месец.

Зад нив се акциите на Стопанска банка Скопје со промет од 1 милион евра. Следуваат акциите на Макпетрол со промет од 348.793 евра, Алкалоид со промет од 341.679 евра и Охридска банка со промет од 291.959 евра.