Економија 12. февруари 2019. / 09:52

Македонија на шесто место во светот според стапката на невработеност

Македонија на шесто место во светот според стапката на невработеност

Според „Голд брокер“, Македонија во моментов го дели шестото место со Ангола во светот според стапката на невработеност.

Недостижен на врвот е Конго со 46 отсто, втора е Босна и Херцеговина со 35 отсто, а трето Косово со 30 отсто.

Пред Македонија се само уште Јужна Африка со 27 отсто и Нигерија со 23 отсто.

Веднаш зад Македонија следуваат Грција и Јордан со по 18,6 проценти, Боцвана со 18,1 отсто, Либија со 17,7 отсто, Етиопија со 16,8 отсто, Оман и Руанда со по 16 отсто, Тунис со 15,5 отсто.