Економија 21. мај 2020. / 22:46

Лупевска удри по Ангеловска и по Бектеши: Непрофесионалност зачинета со цинизам и некултура

Лупевска удри по Ангеловска и по Бектеши: Непрофесионалност зачинета со цинизам и некултура

Уредничката во телевизија „Телма“, Снежана Лупевска објави остри критики за однесувањето на министрите за финансии и економија, Нина Ангеловска и Крешник Бектиши, кон новинарите, нарекувајќи ги неподготвени, непрофесионални, цинични и некултурни.

Двајцата министри наместо да дадат конкретни одговори на новинарските прашања: кој, кога и како може да добие платежни картички, на прес-конференцијата на која го презентираа третиот пакет економски мерки вербално ги нападнаа новинарите обвинувајќи ги за нетрпеливост и притисоци, па дури изразија и зачуденост како можело новинарите да поставуваат такви прашања.

Неподготвеност, непрофесионалност зачинето со цинизам и некултура, ова е однесувањето на двајца министри денеска Нина Ангеловска и Крешник Бектеши кон новинарите. Пред да ги пуштат на следен прес од Владата да ги научат овие двајца млади луге на однос кон јавноста, бон-тон, но и да ги испрашаат дали воопшто знаат за што ке држат прес-конференција. Браво за колегите кои за разлика од Министрите одлично ја познаваа темата и достоинствено возвратија на навредите – напиша Лупевска.