Влора Бектеши, сестра на министерот за економија Крешник Бектеши е ново-вработена во државната компанија МЕПСО, неофицијално дознава „Економски Лидер“ од извори во компанијата.
пишува: Љупчо ЗЛАТЕВ
-Влоре, како што ја нарекуваат, е вработена во правната служба на МЕПСО од скоро. Таа е сестра на министерот за економија, Крешник Бектеши – вели нашиот извор од МЕПСО.
Ова не е прв пример на вработување на роднина на функционер во државна институција. Непотизмот и партизацијата се пракса во изминатите 2 години кога имаше десетици примери за роднини на високи државни функционери кои се вработија во државни компании.
Сестрата на Бектеши е вработена кон крајот на 2018, а на почетокот на 2019, токму тој воведува повисоки давачки за пазарџиите, давачки кои ќе завршат во државниот буџет – од каде пак се делат плати за јавната администрација, каде што работи сестрата на Бектеши.
Во изминатиот период, Лидер откри и десетици скандали за тендери доделени на роднини на високи државни функционери.