Во фокусот на четвртиот пакет мерки донесен од Владата предводена од СДСМ, е и поддршката со плати за туристичките водичи,како дел од еден од најпогодените сектори во кризата предизвикана од коронавирусот, изјави Богданка Кузеска од СДСМ.
На 150 регистрирани туристички водичи за месеците октомври, ноември и декември, ќе им биде исплатена минимална бруто плата во висина 21.776 денари, а за секторот туризам, како еден од најпогодените од кризата, определена е и мерка – Поврат на туристичката такса за 2019 година.Тоа значи дека 4.740 субјекти кои организирале ноќевања во 2019 година, ќе им бидат вратени 2 милиони евра, колку што изнесува вкупниот износ на туристичката такса инкасирана во таа година.За секторот туризам обезбедени се и грантови за 500 туристички агенции во вкупна вредност од 1,9 милиони евра за грантови од 3.000 до 7.000 во зависност од бројот на вработени и од вкупниот промет во 2019 година, изјави Кузеска.
Во четвриот пакет антикризни мерки предвидено е и намалување на стапката за ДДВ за ресторански услуги и служење на храна и пијалоци, со нова повластена стапка на ДДВ од 10% наместо сегашната редовна, од 18%. Оваа мерка за којашто се потребни законси измени ќе започне од 1 јануари 2021 година, а нејзината цел е намалување на сивата економија, пониски цени за граѓаните, но и поголема ликвидност на услужниот сектор.Владата предводена од СДСМ покажа дека се грижи за секој поединец, за секоја компанија погодена од глобалната здравствено и економска криза. Следува реализација на мерки и политики што обезбедуваат вистинска грижа за граѓаните и за македонската економија, кажа Кузеска.