По информацијата дека е одземена дозволата на Еуростандард Банката, паника завладеа меѓу корисниците на сефови. Што ќе се случи со нив, дали и кога ќе може да си ги подигнат своите предмети од таму.
Дел од граѓаните на земјава имаат оставено свои вредни предмети, накит, документи, хартии од вредност или пари сефовите на Еуростандард банка. Сепак Народна банка испрати информации и за тоа што треба да направат корисниците на граѓански сефови во Еуростандард банка.
„Физичките лица кои користеле сеф во трезорот на „Еуростандард банка“ АД Скопје, по отпочнување со работа на стечајниот управник ќе можат да ги подигнат своите предмети од вредност. Овие предмети се нивна сопственост и не може да бидат задржани во текот на стечајната постапка“, децидни се од Народната банка.