Економија 15. август 2020. / 15:03

Комерцијална банка: Немаме побарувања од Еуростандард банка

Комерцијална банка: Немаме побарувања од Еуростандард банка

Комерцијална банка АД Скопје нема побарувања од Еуростандард банка и нема хипотека на зградата на Еуростандард банка, соопштија денеска од Комерцијална банка.

Од банката оваа информација ја споделуваат во јавност, како што велат, да се спречат можните шпекулации, по прес-конференцијата на Трифун Костовски.

Еуростандард банка нема обврски кон Комерцијална банка. Точно е дека компанијата Гофи користи долгорочен кредит од Комерцијална банка во износ од околу пет милиони евра. Побарувањето на Комерцијална банка по овој кредит е обезбедено со т.н. зграда на Поштенска банка и со дел од зградата Палата Македонија. Зградата на Еуростандард банка не е под хипотека во Комерцијална банка, како што можеше да се стекне впечаток од изјавите дадени на вчерашната прес-конференција, се наведува во соопштението на Комерцијална банка.