Со објава во јавноста Комерцијална банка АД Скопје демантира дека има побарувања од Еуростандард и дека нема хипотека на зградата на банката, откако истата ја загуби лиценцата за работа и ги затвори филијалите.
Од таму велат дека оваа информација ја споделуваат за да се спречат можните шпекулации, по вчерашната прес-конференцијата на Трифун Костовски, основачот на банката. Сепак, информираат дека има издадено кредит од пет милиони евра, а хипотека е обезбедена дел од зграда позната како Поштенска банка и дел од зградата Палата Македонија.
Еуростандард банка нема обврски кон Комерцијална банка. Точно е дека компанијата Гофи користи долгорочен кредит од Комерцијална банка во износ од околу пет милиони евра. Побарувањето на Комерцијална банка по овој кредит е обезбедено со т.н. зграда на Поштенска банка и со дел од зградата Палата Македонија. Зградата на Еуростандард банка не е под хипотека во Комерцијална банка, како што можеше да се стекне впечаток од изјавите дадени на вчерашната прес-конференција, се наведува во соопштението на Комерцијална банка.