Економија 05. јануари 2020. / 14:05

Колемишевски: Со “Мој ДДВ” за само две тримесечија кај граѓаните вративме 6.9 милиони евра

Колемишевски: Со “Мој ДДВ” за само две тримесечија кај граѓаните вративме 6.9 милиони евра

СДСМ преку одговорна и посветена работа го закружи концептот „ПАРИТЕ НАЗАД КАЈ ГРАЃАНИТЕ“, еден од клучните сегменти и столбови од Програмата за живот во Македонија, соопштуваат од партијата.

Оттаму велат дека само за две тримесечја, преку оваа мерка граѓаните оствариле поврат на близу 6,9 милиони евра, а веќе следниот месец, односно во февруари 2020 година, започнува исплатата на 3,7 милиони евра назад кон граѓаните за поврат на ДДВ за месеците октомври, ноември и декември.

Претходно, за првото тромесечје беа исплатени над 3 милиони евра за првиот квартал односно за месеците јули, август и септември.

– Оваа мерка, освен што обезбедува дополнителен приход во семејствата, значително влијае и врз намалување на даночната евазија и зајакнување на даночната дисциплина. Во периодот од јули до ноември минатата година, просечно месечно скенирани се по осум милиони фискални сметки. Сега, само во декември 2019 година, скенирани се 12,5 милиони фискални сметки, односно постои раст од над 53 проценти, соопшти СДСМ. 

Од партијата истакнуваат дека важно да се напомене е дека има поголемата наплата на ДДВ, односно во декември растот на наплатата на ДДВ изнесува 12 проценти, додека наплатениот ДДВ од скенираните сметки бележи раст од 59 проценти.

– Исто така, во моментов има преку 200.000 корисници на апликацијата МОЈ ДДВ, што е уште еден доказ дека граѓаните веруваат во оваа мерка и дека овие граѓани ќе добијат повеќе пари во нивниот буџет. Граѓаните масовно стануваат партнери на државата и Управата за јавни приходи во борбата со сивата економија, велат од СДСМ. 

На крајот од соопштението од партијата на власт велат дека економските политики на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија даваат реални и видливи резултати, преку како што велат, одговорен, домаќински пристап, со обезбедивање можности сѐ повеќе пари да завршуваат назад кај граѓаните.