Економија 02. април 2020. / 22:52

КОЧОВСКА ОТКРИВА CKAHДАЛОЗНО ТРОШЕЊЕ НА СДСМ ПРЕД ИЗБОРИ: За само два месеци од 2020 година власта го зголемила дефицитот за 70 милиони евра

КОЧОВСКА ОТКРИВА CKAHДАЛОЗНО ТРОШЕЊЕ НА СДСМ ПРЕД ИЗБОРИ: За само два месеци од 2020 година власта го зголемила дефицитот за 70 милиони евра

Дополнителната заменичка-министер за финансии, Гордана Димитриевска Кочовска, во емисијата „Што не е јасно“ на телевизија Алфа на јавноста и откри детали за состојбата во која се наоѓа државната каса во овие услови на светска пандемија на опасниот корона вирус. Таа истакна дека во изборна година со единствена цел купување на глас повеќе, дефицитот во буџетот за првите два месеци пораснал за неверојатни 70 милиони евра.

Кочовска посочи дека не верува оти 700 милиони евра задолжување ќе бидат доволни за да се покрие буџетската дупка. Нејзините пресметки и пресметките на нејзинот кабинет укажуваат на тоа дека Македонија ќе треба да се задолжи најмалку дополнителни 1,2 милијарди евра за да ја преброди корона-кризата, задолжување кое може да достигне и до 1,7 милијарди евра нето долг.

Сега засега таа открива дека Македонија бара 600 милиони евра во кредити, а колкава ќе биде еврообврзницата ќе зависи од буџетскиот дефицит.

Кочовска потенцира дека сега засега никој не прави калкулација во делот на расходите, туку сите калкулации за задолжувањето се прават во однос на приходната страна на буџетот.