Економија 26. декември 2019. / 12:52

Ќерката на пратеничката Александрова не била волонтер во Фондот за иновации, туку оттаму примала плата

Ќерката на пратеничката Александрова не била волонтер во Фондот за иновации, туку оттаму примала плата

,,Лидер“ уште во февруари оваа година прв објави дека Сара Александрова, ќерка на Емилија Александрова, е вработена во Фондот за иновации.

Сара Александрова шест месеци прима плата од Фондот за иновации иако мајка ѝ, пратеничката Емилија Александрова, тврди дека ќерка и нема никаков договор со оваа институција. И покај тоа што Фондот за иновации, по острите критики во јавноста, на почетокот на годинава демантира дека ќерката на пратеничката е вработена кај нив, од јули, сепак, почнале да ѝ даваат плата. Ќерката на пратеничката Александрова за половина година добила 150 илјади денари, односно имала по 25 илјади денари месечна плата, објави „А1он“.

Од Фондот за ,,А1он“ објаснуваат дека до крајот на јуни ќерката на пратеничката била ангажирана на практична работа без надомест, а од 1 јули била ангажирана со договор на дело.

Лицето Сара Александрова е ангажирана за потребите на Фондот како техничка поддршка во делот на човечките ресурси. Техничката поддршка како задача е во согласност со видот и степенот на стекнатото образование на ова лице, како и нивото на стекнатото работно искуство. Со лицето е склучен договор за дело за вршење привремени работи за потребите на Фондот од 1.7.2019. Договорот завршува на 31.12.2019 година“, велат од Фондот за иновации за „А1он“.

Ангажирањето на ќерката јавноста го протолкува како награда за гласот на мајката пратеничка за уставните измени минатата година. Емилија Александрова како пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ гласаше за уставните измени, а следниот ден беше исклучена од партијата. Таа во интервју за „А1он“ минатата недела рече дека ќерка ѝ само волонтирала во Фондот, пишува „А1он“.

Целиот текст на A1он можете да го прочитате ТУКА.