Дали Владата намерно или од незнаење ќе направи нови корона кластери со помошта преку „Купувам домашно“.
Иако, најавена, листата на податоци за тоа кои добиле помош од 6000 денари се уште не е готова и се очекува да биде објавена до крајот на неделава. Од друга страна сите кои ќе ја добијат оваа помош, како што најави Владата, ќе имаат рок да ја искористат до 25 ти декември.
Тоа значи дека граѓаните ќе имаат кратко време да ги искористат парите доделени од државата, што ќе направи хаос, гужви и редици по маркетите во државата и нови заболени од Ковид 19.
Целата идеја со рокот до 25 ти декември е нелогична, затоа што токму во време на пандемија, кога во земјава секојдневно има над 1000 заболени од Ковид 19, граѓаните ќе се соочат со нова опасност од зарази, а поради краткото време дел од нив можеби нема ниту да ги искористат.
Сето ова се случува во време кога надлежните апелираат граѓаните да остануваат во своите домови, да не се групираат повеќе од четворица надвор, но и по домовите, во време кога има најава за дополнителни рестрикции во угостителските објекти и ред други ограничувања. Во најава, исто така има и казни за маркетите , пекарите и дуќаните кои доколку не воспостават ред, надвор и внатре ќе плаќаат казни од 2000 евра . Ова законско решение е во собраниска процедура.
Инаку, мерката Купувам домашно“ е дел од четвриот пакет антикризни мерки, кој предвидува помош од 6.000 денари за повеќе ранливи категории. Станува збор за граѓани со низок доход, самохрани родители, пензионери со пензии до 15.000 денари, невработените кои се пасивни баратели на работа, самостојните уметници, филмски работници, културни работници и естрадни уметници, корисници на право на социјална сигурнот на стари лица, деца без родители и родителска грижа…
Платежна картичка за поголема потрошувачка во износ од 6.000 денари ќе ја добијат 5.726 самохрани родители 182.271 пензионер со пензии до 15.000 денари, 85.108 пасивни баратели на работа, самостојни уметници, рече Заев, додавајќи дека ќе ја добијат и оние граѓани над 64 години кои немаат пензија, а се со приходи пониски од 15.000 денари или воопшто немаат приходи. Оваа мерка е наменета за 280.000 граѓани кои ќе бидат поддржани со 27,6 милиони евра.
Средствата ќе се префрлаат на трансакциска сметка на граѓаните, а треба да се искористат до 25 декември.