Економија 18. август 2018. / 19:48

Кина ја поддржува Турција да ја зачува економската стабилност

Кина ја поддржува Турција да ја зачува економската стабилност

Кина ги поддржува напорите на Турција за зачувување на безбедноста и економската стабилност и верува дека претставниците на Анкара ќе ги надминат нивните „привремени потешкотии“, посочи денеска шефот на кинеската дипломатија Ванг Ји при телефонскиот разговор со турскиот министер за надворешни работи  Чавушоглу.

За време на разговорот со Ванг, Чавушоглу зборувал за моменталната ситуација во Турција, наведувајќи дека неговата Влада е подготвена да ја подобри стратешката комуникација со Кина.

Турската лира изгуби една третина од нејзината вредност во однос на доларот, оваа година, за време на влошувањето на односите меѓу НАТО сојузниците, Туција и САД.