Економија 15. март 2019. / 19:00

Катица потрошила 195 милиони во една година!

Катица потрошила 195 милиони во една година!

Специјалното јавно обвинителство во кварталниот извештај што го објави денеска вели дека потрошило 195,3 милиони денари во текот на целокупната 2018-та.

– Вкупната реализација на одобрениот буџет за 2018 година, заклучно со 31.12.2018 година изнесува 195.321.542 денари денари или 85,43% од буџетот на ова Јавно обвинителство. Во 2018 година не се реализирани 14,57% од одобрениот буџет за 2018 година, односно не се потрошени средства во вкупен износ од 33.311.458 денари кои на 31.12.2018 година се повлечени во буџетот на Република Македонија. – се вели во извештајот.

Со средствата се подмирувани плати и надоместоци на јавните обвинители, плати и надоместоци на вработените во јавнообвинителската служба, средства за набавка на стоки и услуги, трошоци за време на постапките, вклучувајќи и средства за советувања и мислење од експерти, средства за професионално унапредување на јавните обвинители и вработените во јавнообвинителската служба, добивање на капитални инвестиции и средства за одржување на просториите и опремата во Јавното обвинителство.

Во периодот од 15 септември 2018 до 31 декември 2018 година потрошени се средства во вкупен износ од 76.437.440 денари или 33,43 отсто од одобрениот буџет.