Продолжува катастрофалната реализација на капиталните инвестиции.За 9 месеци, реализирани се едвај 27,4 % од планираните проекти.Податоците на министерството за финансии покажуваат дека од јануари до септемрви за изградба на училишта, патишта , железница, брани..се потрошени 107 милиони евра од вкупно планираните 392 милиони евра.Токму ниската реализација на капиталните проекти го вклучи алармот во владата па се предложи ребаланс.Дали новото прекројување на државната каса ќе ја смени сликата ќе се знае во последниот квартал во кој за трошење остануваат околу 200 мил.евра.
Фактот што не може да се реализира ниту една третина од проектите беше причина да се скратат 91 милиони евра од гасоводот на Водно и Клиничкиот центар.50 мил евра од нив ќе им се дадат на општините да поокријат дел од долговите а тоа се очекува да влијае на локалниот економски развој.
Бројките покажуваат дека реализацијата на капиталните проекти во последниве 10 години се движела над 76 % со исклучок на 2009 година а најголем дел од планираните проекти биле реализирани во 2012.Според даночниот советник Павле гацов се е игра со бројки бидејки со ребалансот, реализацијата на капиталните инвестиции годинава ќе излезе дека е меѓу 70 и 80%.
Капитални инвестиции реализација во проеценти
1-9.2018 год. 27,43 %
2017 год. 83,6 %
2016 год. 76,01 %
2015 год. 83,96 %
2014 год. 83,58 %
2013 год. 82,42 %
2012 год. 87,5 %
2011 год. 84,37 %
2010 год. 86,65 %
2009 год. 69,69 %
2008 год. 78,05 %
Владата за оваа година најавуваше засилена динамика на капиталните проекти одобено во последните два квартали од годинава.Лошата реализација ја правдаше со неефикасност на имотно правните служби,немање храброста на јавната администрација да носи одлуки во делот на јавните набавки и немање доволно проекти.За разлика од трошењата и инвестициите, во буџетот заклучно со спетемрви влегле 2,2 милијарди евра приходи а најмногу пари се собрани од данокот на добивка.