Економија 30. октомври 2019. / 09:15

Катастрофална реализација на капиталните инвестиции од само 37% заклучно со септември

Катастрофална реализација на капиталните инвестиции од само 37% заклучно со септември

Капиталните инвестиции од чија реализација оздава подобри услуги за граѓаните и придонесуваат за развој на економијата, потфрлија во сите три квартали од годинава.

Според последните податоци објавени на страната на Министерството за финансии, заклучно со септември годинава се реализирале само 37,64 проценти од планираните инвестиции. Или, додека за капитални расходи од буџетот се издвоени 369.208.020 евра, се потрошиле 138.955.547 евра.
Бројките се разочарувачки иако се знае дека капиталните расходи или капитални инвестиции, се оние расходи на буџетските корисници наменети за трајни добра, како патишта, училишта, болници, водоводи, студентски домови, спортски објекти, апарати за здравството, опрема хардвер, софтвер …

Според табелата на Министерството за финансии, од сите министерства, најмногу пари за капитални инвестиции досега потрошило Министерството за транспорт и врски, речиси 38 милиони евра, што е 58,9 отсто од вкупните пари на располагање за оваа година. Министерството за финансии потрошило 13 милиони евра или 76,51 отсто, а за функции на државата од ова министерство се потрошени 25 милиони евра или 49,1 отсто.