Економија 18. мај 2020. / 14:18

Картичките и ваучерите ќе се делат по владин список, но ќе има и процес на изјаснување на граѓаните

Картичките и ваучерите ќе се делат по владин список, но ќе има и процес на изјаснување на граѓаните

Во следните две до три недели ќе биде позната целата процедура на аплицирање за најновиот трет пакет економски мерки што вчера ги презентираше Владата. Економскиот советник во Владата Фатмир Бетиќи денеска изјави дека аплицирањето ќе биде едноставно без премногу административни процедури.

– Начинот на аплицирање ќе биде едноставен, но во овој период од две недели сите детали ќе бидат прецизирани, истакна Битиќи на денешната прес-конференција во Владата.

Во овој период ќе бидат исконтактирани граѓаните кои ги исполнуваат критериумите за користење на платежни картички и ваучери.

– Ќе има двонасочна комуникација. Владата веќе презема иницијатива на филтирање на списоците по критериумите што вчера беа кажани, но ќе има и процес на изјаснување на граѓаните дали ги прифаќаат евентуалните мерки. Во следниот период, не повеќе од две до три недели, ќе има повик до сите граѓани особено за првите два пакета од првиот столб за платежните картички и ваучерите, рече Битиќи.