Реализацијата на капиталните инвестиции заклучно со јули изнесува само 21,3%. Податоците кои ги објави Министерството за финансии покажуваат дека во периодот од јануари до јули реализирани се околу 80 милиони евра за капитални инвестиции.
Најголема реализација има токму во седмиот месец од годинава кога владата потрошила 18 милиони евра. Инаку, за годинава се предвидени 390 милиони евра за проектите кои треба суштински да го подобрат животот на граѓаните, но овие бројки потврдуваат дека темпото на реализација потфрлува во голема мера.
И покрај критиките во јавноста од граѓаните и експертите , властите остануваат самоуверени дека годината ќе заврши според планот, а тоа е реализација на 90% од капиталните проекти предвидени во буџетот за 2018 та година.
И задолжувањето не оди според планот. До јули владата искористила 75% од предвидените задолжувања за годинава. Засега точна е само проекцијата за раздолжувањето на државата кое изнесува околу 370 милиони евра.