Економија 21. декември 2020. / 11:45

Канабисот на чекор до декриминализација, Заев најави в година дебата за легализација

Канабисот на чекор до декриминализација, Заев најави в година дебата за легализација

Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција најави дека индустријата за одгледување канабис ќе биде во 10-те најголеми приоритети на земјата во новата 2021 година.

Тој рече дека политиката на владата е не само да ги препорачува, туку да ги поддржува компаниите кои влегуваат во овој бизнис, кој во нашата земја отвора илјадници нови доброплатени места. Според Заев искуствата на други држави како Холандија, Канада и Чешка, кажуваат дека овие земји годишно заработуваат околу 55 милијарди долари од оваа дејност.

Заев најави брзо прифаќање на измените и дополнувањата на законот за опојни дроги.

-Во 2021 планираме и да ја прошириме листата на дијагози за кои е дозволено лечење со медицински канабис и да обезбедиме декриминализација и депенализација на канабисот за мали количини за лична употреба. Бидејќи, точно е тоа што го зборуваат активистите од граѓанскиот сектор – не е во ред некој да оди во затвор затоа што користел поливина грам природен канабис за лична употреба, во време кога веќе насекаде низ светот оваа билка станува легална и за медицинска и за економска дејност. Се разбира, полицијата ќе продолжи со своите силни акции против криминал и трговија со дрога, за кои сведочиме секојдневни успеси, за што сакам да му честитам на министерот за внатрешни работи, рече премиерот Зоран Заев.

Според премиерот тоа ќе овозможи извоз, нови инвестиции и развој, како и 250 милиони евра производство во 2021.