Различни изјави од вицепремиерот Кочо Анѓушев и министерот за земјоделство Љупчо Николовски, дали Македонија ќе треба да ги смени производите кои се извезуваат, по евентуалната промена на името на државава во Република Северна Македонија. Министерот за земјоделство вели дека би можеле им пружаат подршка на земјоделците доколку се појават порблеми од ваков тип.
-Мислам дека договорот е јасен, дека зборот македонски во сите производи кои се произведуваат во Република Македонија ќе остане и понатаму. Значи ќе нема потреба од ребрендирање- рече Анѓушев.
Ќе се следи тоа. Тоа е прашање кое што генерално ќе ја опфати целата економија. Ние сме целосно насочени да даваме континуирана системска и целосна подршка на земјоделците и нашиот фокус како што гледате се нови мерки и политики кои ќе дадат раст во земјоделството. Ние на секој начин ќе го подржуваме секторот кој е основа на македонската економија- изјави министерот за земјоделство, Љупчо Николовски.
Гркот Тасос Ханиотис, кој е генерален директор за земјоделство во Европската Комисија, не сакаше да се вмеша во различните ставови на македонските политичари.
-Тоа е нешто за што вие ќе треба да одлучите кога ќе се случи. Не дојдов за да дискутирам за конкретни политички прашања и не е тоа во мој домен, тоа сепак зависи од вас- рече Тасос Ханиотис, генерален директор за земјоделство во Европската комисија.
На конференцијата на министрите за земјоделство од земјите на Југоисточна Европа во Струга, се отвори и проблемот за блокадите и високите тарифи за извоз на земјоделски производи.
-Кога се во прашање бариерите за нас е разочарувачка одлуката на Косово на БиХ и Србија да им воведе такса на сите прозиводи од 10% за увоз на Косово. Затоа сакаме да разговараме бидејки регионалната соработка и слободниот пазар за нас се многу важни“, изјави Мирко Шаревиќ- министер за надворешна трговија и економски односи на Босна и Херцеговина.
-Јасен е нашиот став. Тоа ја отежнува и комплицира ситуацијата и не води кон јакнење на соработката во регионот. Ги отежнува, но и создава проблеми во однос на договорите од ЦЕФТА околу повеќе прашања- рече Сенад Махмутовиќ, државен секретар за земјоделство на Србија.