Економија 16. May 2019. / 14:04

ЈП Водовод и канализација ќе исплати К-15 за три години

ЈП Водовод и канализација ќе исплати К-15 за три години

ЈП Водовод и канализација-Скопје и Синдикатот на работниците од угостителство, туризмот, комунално-станбеното стопанство, занаетчиство и заштитни друштва (СУТКОЗ) при ССМ потпишаа спогодба за исплата на регрес за 2016, 2017 и 2018 година, објави Фокус.

Со оглед на фактот дека во изминатите 11 години не беше исплаќан регрес за годишен одмор, согласно можностите на претпријатието, а во договор помеѓу ЈП Водовод и канализација-Скопје и СУТКОЗ во наредниот период ќе биде исплатен регрес за наведените години, соопшти ЈП Водовод и канализација.