Економија 03. ноември 2020. / 20:52

Јосифовски: Голем број угостители нема да издржат до пролет, другите ќе останат осакатени

Јосифовски: Голем број угостители нема да издржат до пролет, другите ќе останат осакатени

Голем број од угостителите нема да ги одржат своите бизниси до пролет. Оној дел што ќе успеат да ги сочуваат покрај скратено работно време, ќе останат многу осакатени. Не само материјално и финансистки, туку и после тој период ќе нема повторно персонал кој ќе работи, ќе нема гости, изјави за „Што не е јасно“ на Алфа, Здравко Јосифовски од Независната угостителска комора

Тој истакна дека угостителите се премногу загрозени, додека ако се продолжи со вакво темпо вработените нема да сакаат да работат за минимална плата и сами ќе си одат. Тој вели дека мерката субвенција за плата оди директно кај вработениот, а за угостителот остануваат обврските за закупнини, за останатите трошоци за одржување, обврски кон добавувачии, односно дека угостителите сега се во негатива.

Кога не прашаа пред два месеци на кога бевме во Влада и кај претседателот, доколку имате прашање кое би можеле брзо да го исполниме рековме веднаш и сега да ни се овозможи достап до било каква кредитна линија, да ги покриеме загубите, додека сите субвенции, мерки, помош, не стигнат до угоститителите за да можат тие работи да ги покријат. Угостителите се навистина загрозени. Проблемот што активно и понатаму работат извршители, притисок од јавните компании да сметките се плаќаат сметка за сметка и најлошото што УЈП ги блокира сметките за неисплатена плата за септемвриска и останати, ги доведува угостителите од едни од најликвидни фирми, и најпретпознатливи кои инвестирале во својата држава, и да вработуваат луѓе, да станат неликвидни, задолженици без никаква директна мерка и помош, потенцираше Јосифовски.

Тој додаде дека субвенцијата за плата за месец октомври ќе стигне на 15 ноември, дотогаш вие треба да издржите, имаме трошоци, кирии, закупнини, други плати. Три месеци, летните ги прескокнавме, викаа работеа угостителите, дајте да не се залажуваме. Нема работа нема ништо, нагласи Здравко Јосифовски.