Реалноста во Република Македонија е сосема поинаква од оние фрази што ги споменувате, како на пример членство во НАТО, ЕУ, преговори, подобар живот, одлично образование, одлично здравство итн. Надвор од ова, во јаве е различно. Младинската невработеност во Македонија е двојно поголема од просечната и една од највисоките во Европа, му реплицираше Јован Јаулески од ВМРО-ДПМНЕ на Мартин Костовски пратеник во Собранието од редовите на СДСМ.
Тој потенцираше дека како што рече, студентите не добија ништо по завршувањето на високо образование, ниту вработување, ниту доквалификација, обука – ништо од онаа младинска гаранција што се најавуваше. Да бидам попрецизен, вработување добија само вашите партиски послушници, односно неквалитетните ги зедоа местата на квалитетните. И ова, додаде, е само дел од причините што 80% од младите сакаат да ја напуштат Република Македонија, односно, 8 од 10 млади сакаат да се иселат од државата, една половина од нив веќе презема чекори за тоа.
Не знам во каква бајка и реалност вие живеете, но вистинската реалност е дека како што сте тргнати, набрзо нема да има млади луѓе во Македонија токму поради ваквите ваши политики. Го поканувам колегата Мартин Костовски да прошетаме заедно до Куманово бидејќи е од таму, но не само таму туку и во другите градови и села како младите луѓе си замнуваат од Македонија и како оваа бесперпсективност уште повеќе ги тера да си заминат. Она што постојано го слушаме е ,,ЌЕ” направиме, ЌЕ изградиме, ЌЕ поправиме и не знам уште што ЌЕ – а младите си одат. Мене искрено и ми е жал што сте дел и поддржувате човек кој економијата ја носи во банкрот, ќе јаде живи луѓе и ќе брка од работа, затвора мали и средни претпријатија и човек кој ги прави најголемите национални предавства, додаде Јаулески.