Економија 13. април 2020. / 12:58

Јанушев: Со зголемувањето на акцизата имаме враќање на криминалната транзиција на СДСМ

Јанушев: Со зголемувањето на акцизата имаме враќање на криминалната транзиција на СДСМ

Тоа што во време на војна се нарекува воено профитерство, сега во услови на пандемија со корона се нарекува кронизам, рече на прес-конференција, Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, велејќи дека владата на Заев во услови на пандемија спроведува токсично пријателство помеѓу бизнисот и владата поради профитирање на сметка на пандемијата со корона.

Тоа значи вели, кронизам е кога владата ќе удри по грбот на граѓаните и ќе најави одлука за зголемување на акцизата на нафтата, директно земајќи пари од џебот на граѓаните за да се пополни буџетската дупка, потег од кој ќе се обогатат мал број на тајкуни.

-Впрочем со оваа мерка имаме враќање на криминалната транзиција на СДСМ, рече Јанушев.

Тогаш, додава тој, се богатеа малкумина на грбот на граѓаните, додека мнозинството осиромашуваше, денес повторно Заев и СДСМ е собираат преку зголемена акциза собираат пари од граѓаните за да се обогатат малкумина. Во транзицијата се затвораа фабрики и луѓето остануваа без работа. И денес се прави истото.

-Владата ризикува инфлација и поскап живот на граѓаните. Цената на нафта допрва ќе расте на светската берза и ако на ова се придодаде и зголемување на акцизата која ќе ја направи владата на Заев тогаш ќе имаме европски цени на нафта во услови на неевропски стандард, потенцира Јанушев.

Од партијата бараат веднаш да се повлече од намерата за покачување на акцизата која ќе донесе поскап живот и сиромаштија на граѓаните и враќање на транзицијата каде едни ќе се богатат, а други уште повеќе ќе осиромашуваат.