Носителот на изборната единица 3, Игор Јанушев ја посети општината Македонска Каменица од каде што порача дека со победата на ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде обновата на Република Македонија, а со обновата ќе дојдат многу мерки и проекти кои ќе го подобрат животот на граѓаните.
Денеска сме во посета на Македонска Каменица заедно со кандидатот за пратеник г-ѓа. Даниела Христова. Планираме да го посетиме пазарот, да поразговараме со граѓаните на Македонска Каменица, ќе имаме и неколку состаноци со целни групи. Она што го добиваме како порака впрочем и од цела Република Македонија е дека поддршката е на страна на ВМРО-ДПМНЕ, поддршката е на страна на обновата, поддршката е на страна на Република Македонија. Она што е интересно и што го забележувам имавме изминативе денови еден интересен настан каде што СДСМ предводени од Заев организираа еден митинг би го нарекол на една слепа улица каде што се наоѓа провалијата. И тие се обидуваат сите нас да не повлечат во таа слепа улица и во таа провалија. Но она што македонскиот трудољубив народ има да го порача е дека тие сами можат да останат во слепата улица, и сами да го продолжат патот кон провалијата, ние сите заедно, сплотени и здружени се движиме кон обнова на Македонија – истакна Јанушев.