Економија 16. јули 2019. / 19:25

Извинување до „Трим и Лум“: Поради техничка грешка ги поврзавме со случајот „Рекет“

Извинување до „Трим и Лум“: Поради техничка грешка ги поврзавме со случајот „Рекет“

Редакцијата на Економски Лидер се извинува на градежната компанија “Трим и Лум” од Охрид поради ненамерна техничка грешка.

Имено, оваа компанија ја вброивме во фирмите кои плаќале рекет на обвинителско-медиумската група на Бојан Јовановски, Зоки Кичеец и Катица Јанева.

Напишавме дека според неофицијален брифинг од извори од ОЈО оваа фирма е една од оние кои платиле рекет. Но, по подоцнежната консултација со изворот увидовме дека се работи за друга фирма со сличен назив.