Економија 25. февруари 2019. / 09:26

Изгубил милијарди минатата година, а еве во кои компании Беркшир Хатавеј има акциски удел долгорочно

Изгубил милијарди минатата година, а еве во кои компании Беркшир Хатавеј има акциски удел долгорочно

Беркшир Хатавеј долгорочно се обложувал на компании како што се Епл, Голдман Сакс и Американ Експрес, открил сопственикот на таа компанија, милијардерот Ворен Бафет своето годишно писмо до акционерите.

Писмото покажало дека инвестицијата на Беркшир во Епл е вредна повеќе од 40 милијарди долари во смисла на пазарната вредност кон крајот на 2018-та година. Вложувањата на Беркшир во Голдман Сакс и Американ експрес се вредни 3,13 милијарди долари, односно 14,45 милијарди долари.

Вложувањата на Бафет од минатата година немале позитивна година поради пресвртот на пазарот во четвртото тримесечие, но долгорочниот инвеститор не е претерано возбуден од краткотрајните застои.

Бафет во писмото наведува дека Беркшир претрпел загуба од 20,6 милијарди долари „од намалувањето на износот на нереализирани капитални добивки кои постоеле во нашите инвестициони фондови“.

Севкупно, обичните акциски инвестиции на Беркшир изнесувале 172,75 милијарди долари пазарна вредност на крајот на 2018-та година во однос на 170,54 милијарди на крајот на 2017.

Акцискиот удел на Беркшир Хатавеј во компании на крајот на 2018-та:

1 American Express              14.5 (милијарди долари)

2 Apple                                   40.3

3 Bank of America               22.6

4 BNY Mellon                         4.0

5 Charter Communications  1.9

6 Coca-Cola                            18.9

7 Delta Air Lines                     3.3

8 Goldman Sachs                    3.1

9 J.P. Morgan Chase              4.9

10 Moody’s                               3.5