Економија 23. септември 2019. / 09:58

Издвоени 50 илјади евра за подновување на Собранието

Издвоени 50 илјади евра за подновување на Собранието

Собранието планира да потроши 2,9 милиони денари или безмалку 50.000 евра за да набави заштитни фолии за куполите, за други ситни поправки и за куќички за обезбедување, објави Фактор.

Собраниската зграда за чие разубавување претходната власт, според некои медиуми, потроши 20 милиони евра во рамки на проектот Скопје 2014, сега троши уште народни пари.

Собранието објави оглас кој, без ДДВ треба да вреди 2,9 милиони денари, а со кој бара заштитни фолии за куполите. Не се соопштува колку пари од вкупната сума се за нив, а колку за куќите за обезбедување. На огласот се бара градежно занаетчиска компанија, а клучен критериум за изборот ќе биде најниската цена.