Економија

Иванов ја предложи Анита Ангеловска-Бежоска за гувернерка на НБРМ

Иванов ја предложи Анита Ангеловска-Бежоска за гувернерка на НБРМ

Анита Ангеловска – Бежоска, актуелен вицегувернер во НБРМ е новиот предлог на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов за гувернер на Народнат банка на Република Македонија, потврдија од кабинетот на шефот на државата.

Новиот предлог на Иванов следи откако денеска добил писмено известување од Димитар Богов дека се повлекува од кандидатурата за гувернер на НБРМ.

Претседателот на Република Македонија новиот предлог го доставил денеска до Собранието на Република Македонија.