Економија 20. март 2020. / 20:17

И вработените „Џонсон Мети“ од утре нема да одат на работа

И  вработените „Џонсон Мети“ од утре нема да одат на работа

Вработените во гигантот од слободните економски зони „Џонсон Мети“ се известени од утре да не доаѓаат на работа. Преку електронска пошта биле известени дека произведувачот на катализатори нема да работи 30 дена, дознава „Фактор“.

Во компанијата се вработени 1.000 лица.

Автомобилската индустрија во Европа привремено не работи, а во Македонија официјално „Кромберг и Шуберт“ и „Дракслмаер“ објавија дека нема да испорачуваат делови овој период.

Британската компанија која што произведува катализатори, „Џонсон Мети“, ја отвори својата прва фабрика во зоната Скопје 1, Бунарџик во 2010 година.