Бројот на туристите во Македонија во април 2020 година изнесува 741, а бројот на ноќевањата изнесува 4.690, се наведува во соопштението од Државниот завод за статистика.
Во однос на април 2019 година, бројот на туристите во април годинава е намален за 99.1 %, а бројот на ноќевањата е намален за 97.2 %.
Бројот на домашните туристи во април 2020 година, во однос на април 2019 година, е намален за 97.7 %, а бројот на странските туристи е намален за 99.7 %.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во април 2020 година, во однос на април 2019 година, е намален за 96.1 %, а бројот на ноќевањата на странските туристи е намален за 97.8 %.
Во периодот јануари ‒ април 2020 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е намален за 47.9 %, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 43.0 %, а кај странските има намалување за 50.3 %.
Во периодот јануари ‒ април 2020 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е намален за 46.9 %, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 41.6 %, а кај странските има намалување за 50.4 %.