Економија 08. февруари 2021. / 10:32

Хотелиерите бараат што поскоро да започне вакцинацијата

Хотелиерите бараат што поскоро да започне вакцинацијата

За успешна туристичка сезона, потребна е брза имунизација и подготовка на план за безбедност, што ќе им биде претставен на странските тур оператори.

Хотелиерите бараат што поскоро да започне вакцинацијата, во спротивно земјава нема да биде на листата безбедни туристички дестинации. За успешна туристичка сезона, потребна е брза имунизација и подготовка на план за безбедност, што ќе им биде претставен на странските тур оператори.

Нема компанија во туризмот која не забележа загуби од пандемијата, покрај вакцинацијата потребна е и дирекна помош од државата.

-Сега се завршните сметки се гледа дека сите се во минус кој 50, 60 или 70% во минус и по некаков принцип да се доделат некакви средства по однос на тие загуби како компанијата да ги исплати и другите трошоци не се само вработените трошоци“, вели Крсте Блажески, претседател на ХОТАМ.

Со петтиот пакет еконоски мерки хотелиерите очекуваат поддршка за да опстанат до почетокот на туристичката сезона. Надежта е покрај домашните гости со ваучери кои годинава ќе изнесуваат 250 евра. Да има и странски туристи.

-Ние имаме договори со агенции за летната сеозна, но никој не дава гаранција дали ќе дојдат, дали воопшто ќе се отворат границите, вели Ерхан Папранику, хотелиер од Струга.

Резервациите од минатата година се префрлени за годинава, но се уште „лебдат“ договорите со тур операторите од Холандија и Полска, дали ќе се реализираат зависи од пандемијата и отворањето на границите.