Економија

„Гугл“ се жали на огромната парична казна од ЕУ

„Гугл“ се жали на огромната парична казна од ЕУ

Компанијата „Гугл“ се пожали на рекордната антимонополска казна од Европската Унија во висина од пет милијарди долари, што беше изречена поради злоупотреба на доминантната позиција на нејзиниот оперативен систем за преносни уреди, „андроид“.

Портпаролот на компанијата, Ал Вернеј, потврди дека „Гугл“ поднел жалба до Општиот суд на ЕУ, вториот највисок суд во европскиот блок, пренесува агенција АП.

Европската комисија во петокот изрече парична казна за „Гугл“ откако откри дека компанијата принудувала производители на мобилни телефони кои користат „андроид“ да инсталираат и други апликации од оваа компанија.

Според одлуката на ЕУ, „Гугл“ мора до крајот на овој месец да преземе мерки за решавање на проблемот или ризикува да добие нови парични казни.