Во наредниот период ќе формираме заеднички комитет на лозарите и на винарските визби за да направиме долгорочна стратегија за да не не затекнуваат секоја година проблемите со откупот на грозјето, порача од Кавадарци министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арианит Хоџа.
Ќе разговараме во тој дел и ќе се обидеме да најдеме најдобро можно решение, рече Хоџа во одговор на прашање по денешната прес-конференција во Кавадарци заедно со кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.
Прашан дали се точни шпекулациите дека е запленето грозје од Тиквешијата со тешки метали и оти е вратено во земјава, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство посочи дека пред да дојде во Кавадарци службите го информирале дека нема никаков проблем со останатите држави во кои се извезува грозје од Тиквешијата.
Затоа не верувам дека имаме таков конкретен случај, потенцира Хоџа.