Економија 10. септември 2018. / 11:33

Грчка фирма отвори погон во Гевгелија за влажни марамчиња

Грчка фирма отвори погон во Гевгелија за влажни марамчиња

Грчката фирма „Стар Фреш“ од Катерини во Гевгелија отвори погон во кој се конфекционираат марамчиња за хотели и ресторани.

Дневно во погонот се произведуваат 25.000 влажни марамчиња за еднократна употреба од страна на 15 работници.

Сопствениците на „Стар Фреш“ Христос Тахос и Адамос Ваикопулос најавија дека наскоро ќе бидат вработени уште толку работници.

Тахос е задоволен од ангажманот на вработените во гевгелискиот погон и производството на влажни марамчиња кои главно се пласираат на грчкиот и европскиот пазар. Планира, нагласи, за една година во Гевгелија да изгради сопствен објект и да го зголеми производството на влажни марамчиња за хотели и ресторани за кои веќе постои интерес и на македонскиот пазар.