Економија 12. декември 2018. / 10:11

Градска ќе го намалува бројот на пациенти

Градска ќе го намалува бројот на пациенти

Старата Градска болница односно ЈЗУ Универзитетска клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ ќе го намалува бројот на пациенти оти повторно се подготвува за реконструкција. Докторите велат дека добиле насоки да почнат да ги селат пациентите од урологија на други оддели во болницата и да примаат само итни случаи бидејќи од таму, овој пат, ќе почнат градежните активности.

Од Министерството за здравство велат дека и покрај плановите оваа болница целосно да се пресели во новата градска болница што ќе се гради во Аеродром, стара Градска ќе се реновира.