Економија 23. јуни 2020. / 10:19

Градоначалникот на Прилеп до угостителите: Не смеете ниту да помислите на организирање вечерни забави и прослави, не сакам да не снајде Скопје или Охрид

Градоначалникот на Прилеп до угостителите: Не смеете ниту да помислите на организирање вечерни забави и прослави, не сакам да не снајде Скопје или Охрид

Во Прилеп има активни 16 случаи, што е за поздравување, и ако оди вака работава, а се надевам дека сигурно така ќе оди, во наредните 2-3 недели убеден сум дека ќе имаме уште подобри резултати, за брзо ќе гледаме да се искорени Ковид-19, во оваа пандемија во нашата општина, истакна градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски.

Вчера и денес слушам и читам по социјалните мрежи дека некои од кафулињата во нашиот град имаат повик за утре, сабота во 20 часот, да прават вечерни забави, дружења и прослави. Како градоначалник на Прилеп сакам да им забранам, не смеат ниту да помислат на такво нешто, a ги охрабрувам МВР да ги преземат сите мерки и сите позитивни чекори апсолутно да нема такви во било кој кафич или клубови собирање на младите наши. Нека ми декшаваат младите, не сакам да бидат запоставени, или да му скратуваме нешто, но треба да разбереме се’ уште не е времето дојдено за правење журки и собиранки. Не сакам да не снајде Охрид или Скопје, а Прилеп е еден од ретките градови каде го немаме т.н. втор брана на Ковид 19, додаде Јованоски.