Економија 01. март 2021. / 13:23

Горивата поскапуваат од полноќ

Горивата поскапуваат од полноќ

Во согласност со методологијата која се користи за пресметка на цените на горивата, од вечерва малопродажните цени се зголемуваат за денар, односно денар и половина.

Според методологијата која РКЕ ја користи за формирање на цените на горивата, од вечерва на полноќ малопродажните цени се зголемуваат во просек за 1.95%.

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОДИЗЕЛ се зголемуваат за по еден денар. Соодветно на тоа, еден литар 95-октански бензин ќе чини 65.50 денари, додека еден литар дизел ќе чини 56.00 денари.

Цената на ЕУРОСУПЕР-98 се зголемува за 1.50 денари, и еден литар 98-октански бензин ќе чини 67.50 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.