Економија 22. јуни 2020. / 09:08

Годинава има помалку одобренија за градење, доминира Скопскиот регион и вискоградбата

Годинава има помалку одобренија за градење, доминира Скопскиот регион и вискоградбата

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека во април годинава се издадени 173 одобренија за градење, што е за 27,9  проценти помалку во однос на април лани. Најголем број, 36, има за Скопскиот регион, по што следи Полошкиот со 25, додека во останатите региони бројката се движи од 15  до 18.

Од вкупниот број одобренија повеќе од половина се за објекти од високоградба, а е предвидена изградба на 835 станови. Најголемиот дел се во Скопскиот регион, каде според одобренијата за градење се планирани нови 403 стана, од кои 317 во Општина Аеродром, а 74 во Општина Центар.

Во март, пак, биле издадени 219 одобренија за градење, за 20.9 проценти помалку во однос на истиот месец од претходната година. И во овој месец повеќе од половината од одобренијата се за објекти за високоградба  со планирани 228 станови.

Зголемен број на одобренија имаше во февруару кога беа издадени 248 одобренија, за 62 проценти повеќе, споредено со февруари лани, додека и јануари беше месец со помалку издадени дозволи за градба, 264, за 14 проценти помалку во однос на истиот месец од претходната година.